Утрински Весник
Свет

Силен удар за Западот – Кина ѝ испрати голема поддршка на Русија

Силен удар за Западот – Кина ѝ испрати голема поддршка на Русија

Иако се шпекулираше дека Кина постепено ќе се дистанцира од Русија поради војната во Украина, се чини дека тоа не е така, пишува британски „Скај њуз“.

Наспроти тоа, кинеското Министерство за надворешни работи утрово ѝ порача на Русија дека ќе ја зајакне „стратешката координација“ со Москва, без оглед на актуелните меѓународни околности.

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи Ле Јученг додаде дека зголемувањето на трговската размена од дури 30 отсто меѓу двете земји покажува „голем отпор“ на надворешните околности.

Јученг во понеделникот разговараше со рускиот амбасадор во Кина, Андреј Денисов.

„Без оглед на промените во меѓународните односи, Кина ќе продолжи да ја зајакнува стратешката координација со Русија во насока на победничка соработка, заедничка работа на интересите на двете земји и промовирање на изградба на нов тип меѓународни односи“, рече кинескиот заменик за надворешни работи.

Некои западни земји и аналитичари се надеваа дека некаква кинеска интервенција може да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да го промени правецот на руската инвазија на Украина. Но, таква интервенција не само што не се случи, туку реториката од Пекинг сугерира дека тоа нема да се случи.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет