Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Силен економски развој на општините, најави Заев од Демир Капија

Силен економски развој на општините, најави Заев од Демир Капија
Img 7972

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средбата со жителите на општина Демир Капија го најави интервентниот план за инвестиции, кој е над 8 милијарди евра.

„Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат во родното место бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат“, рече Заев.

Додаде дека ќе се утврдуваат заедничките потреби на граѓаните во одреден реон, маало или населба, планирано е да се понудат субвенции за да се отворат нови локално дефицитарни бизниси и додаде дека со тоа ќе се отворат нови работни места, а тоа, според Заев, ќе биде добро за граѓаните, кои за своите потреби, како што рече, ќе може да се обратат во родното место, а не да прават трошоци одејќи во други градови.

Тој преку бројки се осврна на реализираните проекти во минатите 4 години: 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 дома на културата, театри, општински згради и на жителите на Демир Капија им најави изградба на автобуска станица, изградба на пречистителна станица за отпадни води, хортикултурно уредување на село Корешница и инвестиции за развој на спортот и спортски објекти.

Истакна дека како никогаш порано е инвестирано во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини, за секој регион, со опфат на сите жители и најави дека така ќе продолжат и во следните години.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!