Утрински Весник
Спорт

Силекс елиминиран од Петрокуб со гол во 95. минута

Силекс елиминиран од Петрокуб со гол во 95. минута

Заврши настапот во Конференциската лига на УЕФА и за македонскиот фудбалски претставник Силекс од Кратово.

Со гол во 95. минута во Кишињев молдавски Петрокуб го елиминира македонскиот претставник уште по првото коло на новоформираното натпреварување затоа што на првиот меч одигран во Скопје резултатот беше нерешен 1:1.

Домаќините беа убедливи на натпреварот, имаа вкупно 18 удари кон голот на Силекс наспроти само 3-те на македонскиот клуб. Од тие, дури 9 одеа во рамките на голот на голманот на Божиновски, кој беше на висина на задачата сѐ до последните мигови од мечот. При последниот корнер на мечот токму Божиновски заплива во празно, па на Платица не му беше тешко да ја затресе празната мрежа.

Платица, по асистенцијата на Гулчеац, погоди за 1-0 и пласман во второто квалификациско коло за молдавската екипа. Противник таму ќе им биде тимот на турски Сиваспор.

> Силекс елиминиран од Петрокуб со гол во 95. минута <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара