Утрински Весник
Свет

Силвио Берлускони во болница

Силвио Берлускони позитивен на Ковид-19

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е хоспитализиран, откако било утврдено дека е позитивен на коронавирус. Како што пренесуваат италијански медиуми, тој е примен во болница поради мерки на претпазливост.

Неговата здравствена состојба не е загрижувачка, пренесе Ројтерс соопштение од неговата партија „Форца Италија“.

Дека Берлускони е позитивен на Ковид-19 беше соопштено во средата од неговиот личен лекар, Алберто Зангрлио. Тогаш беше кажано дека тој е асимптоматичен, дека се наоѓа во својата вила во Милано о дека ќе остане 14 дена во карантин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар