Утрински Весник
Спорт

Силва сака да продолжи да игра во Европа

Силва: Радосни сме дека Нејмар остана

Париз, 13 јуни 2020 (МИА) – Капитенот на Пари Сен Жермен, Тијаго Силва призна дека се уште сака да игра за европски клуб. Скоро е сигурно дека 35-годишниот дефанзивец на францускиот шампион ќе го напушти тимот како слободен агент по крајот на сезоната. Се верува дека тој може да се врати во некој од неговите поранешни екипи – Флуминенсе или Милан.

– Секој знае за мојата приврзаност кон Флуминенсе. Јас страдав од туберкулоза и тие ми ги отворија вратите. Јас секогаш ќе им бидам благодарен за тоа, но сепак имам цели да ги постигнам во Европа. Се надевам дека ќе ги постигнам што е можно поскоро, рече Силва за време на преносот во живо на Инстаграм.

Според „Ил Месаџеро“, ветеранот се надева дека ќе биде дел од Бразил за Светското првенство во 2022 година и затоа сака да остане на Стариот континент.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство