Утрински Весник
Македонија

Нов кров за средното училиште „Таки Даскало“ во Битола

Нов кров за средното училиште „Таки Даскало“ во Битола
300x250 (7)

Битола, 13 јуни 2020 (МИА)Министерството за образование и наука во рамки на програмата „Рехабилитација на средни училишта во РСМ“, денеска во Битола почна со санацијата на кровот на училиштето, инвестиција вредна 260.000 евра.

Според заменик министерот образование и наука Елизабета Наумовска, со овој проект директно се придонесува за подобрување на условите за работа и учење во училиштето.

Img 5587

– Овој проект е еден од повеќето низ државата што се реализираат во средните училишта. Реконструкцијата на кровот на двете згради од средното училиште „Таки Даскало“ во Битола чини над 260.000 евра, односно над 16 милиони денари, а паралелно се реконструира кров во гинмазијата во Прилеп, се реконструираат спортски сали, а се прават и нови училишни објекти во други градови. Преку проектот на Светска банка реализиравме опремување на голем број на средни стручни учиишта, работилници, каде што што учениците ќе можат да реализираат практична работа. Покрај оваа крупна капитална инвестиција на кровната конструкција и таваните, годинава во ова училиште се инвестирани и 55.000 евра во опрема во градежно-геодетската и графичката струка, истакна Наумовска.

Заменик министерката Наумовска од градоначалниката на Битола Наташа Петровска била информирана за наследената ситуација во ова средно училиште, и новите состојби за подобро функционирање на училиштето.

Ова училиште за 10 години до 2017 години направи долгови од 930.000 евра. Тоа беше огромен долг и затоа како и други училишта во Битола беше блокирано. Ние, освен што успеавме да ги одблокираме училиштата, туку со денешните активности и со се што се направивме овој период, покажавме дека сега, многу подомаќински се работи. Ќе продолжиме со исто темпо во образовните институции, но и за цела инфраструктура во градот, затоа што експанзијата што ја имаме, после исплатата на сите долгови, во делот на инфраструктурата е евидентна, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

На денешната прес-конференција беше истакнато дека во СОУ „Таки Даскало“ ќе има и други дополнителни вложувања.мт/фф/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија