Утрински Весник
Македонија

СЗПМ: Пензионерите да ги почитуваат мерките, автобускиот превоз да се користи само кога е неопходно

СЗПМ: Пензионерите да ги почитуваат мерките, автобускиот превоз да се користи само кога е неопходно

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) денеска испрати апел до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење на маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца.

Автобускиот превоз, како што посочува Сојузот, пензионерите да го користат само во случаи кога тоа е неопходно потребно.

-Исто така, се упатува апел и до сите приватни и државни субјекти: банки, пошти, маркети… предност да се дава на пензиoнерите бидејќи тие се ризична целна група каде степенот на превенцијата треба да биде на повисоко ниво, се наведува во соопштението на СЗПМ. бт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“, Македонија е држава, а тоа е најмногу што може да се има

Кривична за четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз различни основи

Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси