Утрински Весник
Свет

СЗО: Човештвото ќе мора да научи да живее со коронавирусот

СЗО: Човештвото ќе мора да научи да живее со коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Глобално искоренувањето на коронавирусот во моментов не е разумна цел, рече Дејвид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за коронавирусот.

“Човештвото ќе мора да се научи да живее со овој вирус, спречувајќи го неговото нагло појавување како и спречување на можноста од создавање на нови жаришта. Искоренувањето во моментов не е разумна цел за светот”, изјави Набаро.

Додаде дека се испитуваат извештаите за постоењето на непалската варијанта на коронавирусот.

“Секој пат кога ќе избувне одеднаш, тоа во нечиј ум ја буди помислата дека може да се појави нов вид на коронавирус. А тоа не би било изненадување”.

Набаро рече дека тоа ќе се случува во иднина и дека вирусот нема да исчезне наскоро, но ќе се појават нови видови“.

Многу набљудувачи предупредуваат на нееднаков пристап до вакцината меѓу богатите и сиромашните земји, влошувајќи ја и продолжувајќи ја пандемијата која досега уби повеќе од 3,5 милиони луѓе.

Лидерите на СЗО, Светската трговска организација, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка неодамна ги повикаа светските лидери да преземат нова обврска и да се залагаат за поправедна поделба на вакцините со цел да се борат против пандемијата од Ковид-19.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност