Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО: Стелт омикрон откриен во 57 земји

СЗО: Стелт омикрон откриен во 57 земји
300x250 opst2

Мутираниот вид на омикрон сојот, наречен БА.2 или како што некои научници го нарекуваат „стелт омикрон“ е откриен во 57 земји, соопшти денеска Светската здравствена организација, додавајќи дека прелиминарните податоци покажуваат дека тој е позаразен од другите видови на омикрон.

Списанието Форбс известува дека во изминатите шест недели, подвидот омикрон БА.2 почнува да има приоритет над оригиналниот сој на омикрон (БА.1), според податоците испратени до Глобална иницијатива за инфлуенца за информации, додаде СЗО.

СЗО изјави дека малку се знае за разликите помеѓу подвидовите на омикрон, иако, како што веќе беше споменато, постојат индикации дека БA.2 е позаразна од БA.1.

Техничката директорка на СЗО, Марија ван Керхкова, изјави за новинарите дека „нема индикации дека има промени во тежината на болеста“ со подвидот БA.2.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори