Утрински Весник
Свет

СЗО со црна статистика: За една недела со вирусот се заразиле речиси 2 милиона луѓе

СЗО: Загрижува ситуацијата со коронавирусот на Балканот
300x250 (7)

Бројот на нови инфекции со коронавирус во светот се зголемил за скоро два милионa во неделата од 14 до 20 септември, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во исто време, во тој период бројот на смртни слулаи се зголемил за 37.700.

300x250 (7)

Според неделниот билтен на СЗО, објавен синоќа, вкупниот број на официјално потврдени случаи на инфекција надминал 30,6 милиони, што е за шест проценти повеќе од претходната недела.

До 20 септември 950 000 луѓе ширум светот починале како резултат на компликации од коронавирус, пренесе агенцијата „Тасс“.

Најсериозната епидемиолошка состојба и натаму е во Северна и Јужна Америка, каде што бројот на случаи се зголемил за 38 проценти во споредба со претходната недела.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум