Утрински Весник
Свет
Img 7972

СЗО: Секој 10-ти пациент има симптоми на коронавирусот и по три месеци

СЗО: Секој 10-ти пациент има симптоми на коронавирусот и по три месеци
Img 7972

Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа денес објави дека секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми на болеста дури и три месеци по инфекцијата.

Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге, рече дека т.н. „продолжен Ковид“ останува непознат, но дека проблемот е реален и значаен.

Светската здравствена организација апелира до политичките актери да направат повеќе за да обрнат внимание и да го лекуваат долгорочниот Ковид, што се манифестира, меѓу другото, со силен замор, болка во градите, срцеви проблеми, главоболки, заборавеност, депресија, губење на мирис, дијареја и кивање, пренесуваат светските агенции.

Клуге во изјава, истакна дека достапните податоци покажуваат дека секое четврто лице заразено со коронавирусот има симптоми дури и еден месец откако добило позитивен тест, додека секое десетто лице има симптоми дури и по 12 недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години