Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО: Омикрон не треба да се смета за поблага варијанта на вирусот

СЗО: Омикрон не треба да се смета за поблага варијанта на вирусот
Img 7972

Високо заразниот омикрон вид на коронавирус создава помалку опасен тек на ковид од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“, објави денеска раководството на Светската здравствена организација (СЗО).

Шефицата на клиничкиот менаџмент на СЗО, Џенет Дијаз, рече дека претходните студии покажале оти постои намален ризик од хоспитализација поради омикрон, во споредба со делта, објави „Ројтерс“.

„Опасноста е помала и за младите и за постарите“, додаде Дијаз на конференцијата во седиштето на СЗО во Женева.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, рече дека сојот омикрон не треба да се смета за „благ“ бидејќи ширум светот паѓаат негативни рекорди по бројот на заразени, здравствените системи се преплавени, а владите се обидуваат да го „скротат“ вирусот, кој досега усмрти повеќе од 5,8 милиони пациенти.

Уште една варијанта, означена како IHU, првпат регистрирана во 2021 година, исто така е сој кој СЗО го следи, но тој не циркулира низ целиот свет, додаде техничката директорка на СЗО, Марија Ван Керхове.

Можете да прочитате

Неколку луѓе загинаа при експлозија во воена фабрика во САД

Трамп ја откажа средбата со Си

Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините откако првиот однесе пет животи