Утрински Весник
Свет

СЗО: Омикрон и делта сојот направија цунами од нови случаи

СЗО: Омикрон и делта сојот направија цунами од нови случаи

Заедничкото ширење на делта и омикрон варијантата на коронавирусот создава „цунами од нови случаи“, изјави на прес-конференција генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус.

„Многу сум загрижен што омикронот, кој лесно се пренесува и се шири истовремено со делта сојот, доведува до цунами од случаи“, рече тој, додавајќи дека тоа е двојна закана што води до нагло зголемување на бројот на хоспитализации и смртни случаи.

Тедрос го повтори повикот до земјите за поправедна дистрибуција на вакцини против коронавирусот и предупреди дека примената на бусртер дози во богатите земји може да доведе до недостиг на вакцини во посиромашните.

Тој рече дека СЗО е посветена да обезбеди секоја земја да достигне стапка на вакцинација од 70 проценти до средината на 2022 година, што ќе помогне да се стави крај на критичната фаза на пандемијата.

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија