Утрински Весник
Свет

СЗО: Не е реално да се очекува овој месец да има истрага за потеклото на вирусот во Кина

СЗО: Не е реално да се очекува овој месец да има истрага за потеклото на вирусот во Кина

Извршниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за вонредни програми, Мајкл Рајан, вели дека не е реално да се очекува дека овој месец тим на организацијата ќе замине во Кина за да го испита потеклото на коронавирусот.

Минатата недела двајца членови на СЗО заминаа во Пекинг како дел од тимот за дополнителни студии за тоа како избувна пандемијата на Ковид-19. Двајцата експерти се во карантин во Пекинг, пренесува АП.

Експертите веруваат дека вирусот најверојатно преминал од животни на луѓето, а целта на споменатата истрага е да се спречат идни пандемии.

Рајан рече дека СЗО се обидела да состави поголем тим кој ќе ја посети Кина, но дека се сомнева дека тоа ќе се случи наскоро.

СЗО наведува дека нема планови да се посети Вухан, каде првпат беше откриен коронавирусот на крајот на минатата година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Британска полиција: Две деца убиени, шест во критична состојба во напад со нож во Саутпорт

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени