Утрински Весник
Свет

(Видео) Меркел се изгуби во зградата на Европскиот совет

(Видео) Меркел се изгуби во зградата на Европскиот совет

Германската канцеларка, Ангела Меркел, пристигна на првиот вонреден состанок на претставниците на ЕУ во Eвропскиот Совет од почетокот на пандемијата на Ковид-19. На снимките од нејзиното пристигање, Меркел изгледаше изгубено додека одеше кон просторијата за состаноци.

Одејќи по црвениот тепих во зградата на Советот на ЕУ, канцеларката наеднаш застана и збунето погледна пред влезот на салата. По неколку секунди размислување, таа продолжи да оди во истата насока.

Видеото предизвика лавина од реакции и духовити коментари на социјалните мрежи.

Лидерите на Европската унија се собраа во Брисел во обид да постигнат договор за заеднички буџет за следните седум години и фонд за опоравување поради новонастаната ситуација предизвикана од пандемијата со коронавирусот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Демонстрации во Израел за итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон

Саливан во Саудиска Арабија, со престолонаследникот Бин Салман разговараа за војната во Газа

Протест на британските плажи поради загаденоста на водата