Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО: Не е време за опуштање пред пандемијата на коронавирусот

СЗО: Не е време за опуштање пред пандемијата на коронавирусот
300x250 opst2

Претставничката на СЗО, Марија ван Керкове, оцени дека не е време за опуштање пред пандемијата, иако има пад на бројот на новозаболени лица ширум светот и најниска стапка на инциденција од средината на октомври 2020 година. Таа додаде дека ширењето на новите варијанти на коронавирусот, како и сомнежите во ефикасноста на вакцините го намалуваат оптимизмот во однос на излезот од кризата, објави „Ројтерс“.

„Не смееме да се доведеме во ситуација во која повторно би имале зголемување на бројот на пациенти“, предупреди Ван Керкове.

Во последните 24 часа, потврдени се 351.335 нови случаи на Ковид-19 и 10.957 смртни случаи кај ковид-пациенти, наведува „Ројтерс“.

Досега вакцинацијата започна во 85 земји, а администрирани се нешто помалку од 188 милиони дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор