Утрински Весник
Свет

СЗО на вонредна седница ќе ја разгледува ситуацијата со мајмунските сипаници

Светската здравствена организација свика состанок на Комитетот за вонредни состојби на 23 јуни, на кој треба да се оцени дали ширењето на мајмунски сипаници претставува вонредна состојба за јавното здравје во меѓународни рамки.

Највисоко ниво на предупредувања од здравствената агенција на Обединетите нации досега се издадени само за пандемијата од Ковид-19 и детска парализа, објави Ројтерс.

Годинава се пријавени 1.600 случаи на мајмунски сипаници во 39 земји, како и 1.500 сомнителни случаи, додека 72 лица починале, соопшти СЗО.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја