Утрински Весник
Свет

СЗО: На американскиот континент секојдневно има по 100.000 нови случаи

СЗО: Рекордно зголемување на бројот на заразени лица во светот

Повеќе од 100.000 случаи на Ковид-19 се регистрираат секој ден на американскиот континент, од кои половината се во САД, а се појавуваат и загрижувачки жаришта во земји кои ја контролираа епидемијата, како Аргентина и Колумбија, изјави денеска регионалната директорка на Светската здравствена организација (СЗО), Кариса Етиен.

„Нашиот регион сè уште е под удар на Ковид-19“, рече таа на виртуелниот брифинг во Вашингтон, на кој учествуваа и другите директори на пан-американските здравствени организации, пренесува „Ројтерс“.

Етиен рече дека нарушувањето на здравствените услуги се заканува да доведе до зголемување на заболувања кои досега биле под контрола, како што се туберкулоза, ХИВ и хепатитис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турција со реакција до Техеран по соборувањето иранска балистичка ракета

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите засегнати купувачи“ по прекинот на производството на течен природен гас

Одложен е погребот на Хамнеи во Техеран