Утрински Весник
Свет

СЗО: Најзагрозените да примаат вакцина секоја година

СЗО: Најзагрозените да примаат вакцина секоја година
Dik 300x250 mk

Населението кое е под најголем ризик од коронавирус ќе треба да прима дополнителна доза на вакцина секоја година, предвидува Светската здравствена организација (СЗО).

Според последните проценки на СЗО, претставени на интерен документ до кој имал пристап „Ројтерс“, ова е единствениот начин да се добие заштита од сите видови.

Се проценува дека на општата популација ќе и треба дополнителна доза на секои две години.

Таа проценка е вклучена во извештајот што ќе се дискутира на состанокот на Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), кој управува со програмата на СЗО, Ковакс.

Не е наведено како е донесен овој заклучок, но според прогнозите на експертите, новите варијанти на вирусот ќе продолжат да се појавуваат, а вакцините ќе мора редовно да се подобруваат.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп