Утрински Весник
Свет

СЗО најави седница поради појавата на новиот вид на Ковид-19

СЗО: Загрижува ситуацијата со коронавирусот на Балканот

Светската здравствена организација ќе одржи седница со сите свои членки за да разгледаат стратегија за борба против новиот вид на Ковид-19, што се појави во Англија, изјавил директорот на европскиот дел на СЗО, Ханс Клуге, кој пак не кажал кога ќе биде одржана таа седница.

„ Лимитирањето на патувањата за да се спречи ширењето е добро решение, додека не добиеме повеќе информации. Транспортот на стоки, основни намирници, би требало да остане на сила“ порача Клуге преку Твитер.

Организацијата во Женева соопшти дека нема потреба за општа паника поради новиот, позаразен вид на вирус, додавајќи дека тоа е нормален дел од пандемија, а притоа ги пофали напорите на Велика Британија да го спречи ширењето на новиот вид.

Во денешното соопштение, СЗО повтори дека нема доволно информации за да се утврди дали новиот вид на Ковид-19 може да влијае на ефикасноста на постоечката вакцина, нагласувајќи дека во тек се истражувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот