Утрински Весник
Свет

СЗО: Над половина Европејци ќе се заразат со омикрон

СЗО: Над половина Европејци ќе се заразат со омикрон
Dik 300x250 mk

Повеќе од половина од населението во Европа се очекува да биде заразено со омикрон сојот на коронавирус во следните шест до осум недели, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

„Во Европа, во првата недела од 2022 година се регистрирани повеќе од седум милиони новопријавени случаи на Ковид-19, што е повеќе од двојно во период од две недели“, рече Клуге на прес-конференција.

„Со ова темпо, Институтот за здравствена статистика и евалуација предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со омикрон во следните шест до осум недели“ предупреди Клуге, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

 

 

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија