Утрински Весник
Свет

СЗО за коронавирусот во Северна Кореја: „Загрижувачки е ако не ги користат достапните средства“

Официјалниот претставник на Светската здравствена организација Мајк Рајан изјави дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, како што е случајот во Северна Кореја, создава поголем ризик од нови соеви на вирусот.

„Сигурно е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата кои сега се достапни“, изјави Рајан, одговарајќи на прашање за епидемијата во Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

Тој потсетил дека СЗО во неколку наврати има кажано дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови соеви на вирусот.

Можете да прочитате

Германска ракета лансирана во орбитата

Израел го нападна јужен Либан, најмалку четворица мртви, 20 повредени

Иранска Гарда: погодивме американски носач на авиони и разурнувач