Утрински Весник
Свет

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување на бројот на новозаразени во еден ден.

Најголем скок на бројот на заразени лица е забележан во САД, Бразил и Индија, пренесува „Ројтерс“.

Претходниот рекорд по број на заразени пациенти на дневна основа во светот (189.077), беше регистриран на 28 јуни.

Секојдневно, од Ковид-19 умираат во просек по околу 5.000 луѓе, соопштија од СЗО.

Од почетокот на епидемијата, над 11 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус, а повеќе од половина милион починале.

Текстот СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“

Напад во воз во Германија: Маж детонирал експлозив, па се заканувал со нож!