Утрински Весник
Свет

СЗО: Досега се дадени 28 милиони вакцини во 46 земји во светот

СЗО: Досега се дадени 28 милиони вакцини во 46 земји во светот
Dik 300x250 mk

За 36 дена се дадени околу 28 милиони дози вакцина против коронавирус во 46, претежно богати земји во светот, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан.

И покрај фактот дека вакцинацијата против Ковид-19 започна во светот, Рајан изрази загриженост за брзото ширење на нов, позаразен вид вирус во некои земји.

Тој рече дека жали што вакцинацијата најмногу се спроведува во побогатите земји, пренесоа светските медиуми.

„Мислам дека досега вакциниравме луѓе со 28 милиони дози. Користени се пет различни вакцини и платформи. Во моментов вакцинацијата се спроведува во околу 46 земји во светот, од кои 38 се богати, а само една може да се нарече многу сиромашна“, нагласи Рајан.

„Постојат земји кои ја сакаат вакцината и им е потребна, и тие нема да ја добијат доколку не направиме подобра дистрибуција. Сите мора да работиме повеќе“, рече Рајан.

Тој исто така посочи дека влеговме во втората година од пандемијата, што може да биде потешко кога ќе видиме колку брзо се шири ковидот.

СЗО, во најновиот извештај, наведува дека минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови случаи на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира