Утрински Весник
Македонија

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Од понеделник масовна вакцинација против Kовид-19 во Словенија

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица и ризичните групи во сите земји.

„Би сакале да повториме дека приоритет треба да биде сите земји да добијат вакцина за високо ризичните групи пред да се вакцинираат оние кои имаат многу помал ризик од инфекција“, рече Кејт О’Брајан, директор на одделот за имунизација и вакцинација на СЗО.

Предупредувањето доаѓа откако Канада во средата ја одобри вакцината на „Фајзер“ за адолесценти од 12 години, со што стана првата земја што го стори тоа.

Следната недела се очекува истото да го сторат и САД, а Германија најави дека ќе им ја понуди вакцината на сите над 12 години до крајот на август.

Можете да прочитате

Николоски: Имаме рекордна реализација на капитални инвестиции

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Од понеделник 6 април ни доаѓа вистинска пролет

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја