Утрински Весник
Свет

СЗО го одложи објавувањето на извештајот за потеклото на коронавирусот

Tимот на СЗО пристигна во ветеринарната установа во Вухан

Светската здравствена организација објави дека извештајот на нејзините експерти кои истражуваa за потеклото на коронавирусот во Кина, најверојатно ќе биде објавен следната недела.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на вчерашната прес-конференција изјави дека извештајот сè уште не е подготвен и дека членовите на тимот на СЗО кои работеле со кинески официјални лица на изготвувањето, сакаат да го сторат тоа на вистински начин.

СЗО претходно планираше да објави пократка и подоцна подолга верзија на извештајот, но тој план е откажан, така што еден документ ќе биде објавен.

Лидерот на тимот на СЗО, Питер Бен Ембарек на почетокот на овој месец објави дека извештајот ќе биде објавен на 15 март.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина