Утрински Весник
Свет

СЗО: Во пожарите во Шпанија и Португалија загинаа 1.700 луѓе

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека повеќе од 1.700 луѓе загинале во неодамнешните пожари само во Португалија и во Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге изјави дека шумски пожари сега се случуваат дури и во Скандинавија, а дека пожарите во Лондон неделава уништиле 41 куќа, јавува турската агенција Aнадолија.

Тој изјави дека моменталната ситуација повторно укажува на „очајната потреба за паневропска реакција на ефикасна борба против климатските промени“.

Тој додаде дека климатските промени претставуваат „сеопфатна криза“ што се заканува на здравјето на поединецот и на цело човештво“.

„Климатските промени не се новост. Сепак, нејзините последици се зголемуваат со секое годишно време, секоја година, со катастрофални исходи“, посочи Клуге.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија