Утрински Весник
Свет

СЗО: Богатите земји искористиле 82 процента од сите вакцини против коронавирусот

СЗО: Богатите земји искористиле 82 процента од сите вакцини против коронавирусот

Повеќе од милијарда дози вакцини против коронавирус се искористени ширум светот, а 82 проценти од нив се употребени во високо и средно развиени земји, рече генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Гебрејесус рече дека само 0,3 проценти од вакцините биле искористени во сиромашните земји, пренесува АП.

Достапноста на вакцините е еден од главните предизвици на пандемијата, оцени Гебрејесус за време на онлајн конференција организирана од Португалија.

 

 

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати