Утрински Весник
Македонија

Се чисти депонијата позади зградата „Флатрон“ во Кисела Вода

Се чисти депонијата позади зградата „Флатрон“ во Кисела Вода

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА)На барање на Општина Кисела Вода, Град Скопје започна со чистење на големата депонија лоцирана позади зградата „Флатрон“. Се работи, како што соопштуваат од Општината, за површина од околу 15 000 квадратни метри.

-Од денес па во наредните денови, со механизација ќе се собира со години таложениот отпад на потегот од крстосницата “Жил Верн” со “Есенинова”.  После чистењето, отпадот ќе биде депониран во Дрисла, а на теренот ќе биде извршено рамнење, појаснуваат од Општината.

Според Кисела Вода ова е уште една од активностите на Општината и Градот Скопје во насока на обезбедување почиста животна средина за сите жители од овој дел на градот.

Во наредниот период се планирани повеќе вакви и слични интервенции, наведуваат од Општината и апелираат до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота. Дивите депонии, стои во соопштението,  ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филков: Пронајдените 350.000 евра кај судија се симбол на распад на правосудството

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за КЗК, одби и враќање на членот 353

Работник тешко повреден на работно место во фабрика во Кавадарци