Утрински Весник
Македонија

Се утврдуваат причините за пожарот во штала кај велешко Грнчиште

Опожарен угостителски објект во Бутел, нема повредени

Велес, 29 јуни 2020 (МИА) – Четири возила и шест пожарникари го гаснеле пожарот што синоќа зафати штала на патот кон велешкото село Грнчиште. Како што соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес,  пожарот  избувнал  околу 21 часот и бил пријавен во СВР Велес. 

Командирот на ТППЕ Велес Љупчо Лепидовски за МИА изјави дека по повикот веднаш  излегле на терен со четири возила и шест пожарникари и пожарот го изгаснале во 23.45 часот.

Во пожарот изгореле една крава, шест кокошки и 520 бали сено, а целосно била уништена и покривната конструкција на објектот од 60 на 120 метри.

Портпаролот на СВР Велес Додевски информираше дека нивна екипа е на терен и ги утврдува причините за настанатиот пожар. ад/хс/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Охрид Централна свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност