Утрински Весник
Свет

Се урна зграда во Јужна Кореја, исчезнаа најмалку шест лица

Се урна зграда во Јужна Кореја, исчезнаа најмалку шест лица

Најмалку шест лица се водат за исчезнати, а десетици домаќинства се евакуирани во Јужна Кореја поради уривање дел од повеќекатна зграда.

Станува збор за објект што бил во изградба, а се верува дека сите исчезнати лица работеле на градилиштето.

Спасувачите извлекоа тројца работници под урнатините. Потрагата по исчезнатите привремено е во прекин и најверојатно ќе продолжи утре поради страв од ново уривање на зградата.

Можете да прочитате

Иранскиот и рускиот министер за надворешни работи разговараа за прекин на огнот и Ормутскиот теснец

Најмалку 303 лица во Либан загинаа во израелските напади во среда

Трамп со ултиматум до НАТО