Утрински Весник
Свет

Се урна зграда во Каиро, има загинати и повредени

Се урна зграда во Каиро, има загинати и повредени

Најмалку пет лица ги загубија своите животи кога рано утрово се сруши станбена зграда во египетскиот град Каиро со десет ката.

„Ројтерс“ пренесува дека голем број луѓе сè уште се заробени во урнатините на зградата, како и дека спасувачките служби се обидуваат да ги пронајдат преживеаните и дека 24 повредени се пренесени во болниците во Каиро.

Полицијата го опколи местото на несреќата и не им дозволува пристап на граѓаните кои, очигледно, имале роднини во таа зграда.

Засега не е јасно зошто се сруши оваа станбена зграда во Каиро, објави АП.

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција