Утрински Весник
Македонија

Се украсува градот Скопје за новогодишните празници

Се украсува градот Скопје за новогодишните празници

Почна новогодишното украсување на градот Скопје. Денеска се поставува новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“.

Од Градот Скопје велат дека забрзано се украсуваат централното градско подрачје, плоштадот Македонија, улицата Димитрија Чуповски и булеварот Илинден со новогодишни украси.

„ Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје“, се додава во соопштението од градот.

Градоначалничката Данела Арсовска претходно најави дека градот ќе почне да се украсува од 10 декември, сепак украсувањето почна дури денеска.

Можете да прочитате

15 годишник со „Мерцедес“ удрил во велосипедист во Куманово

Инспекторката од АХВ барала мито од 250 евра, сега ОЈО за неа бара притвор

Мециновиќ гостин на иницијативата „12:05“: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ