Утрински Весник
Македонија

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).

Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот

УХМР: Од среда расчистување на маглата