Утрински Весник
Македонија

Се укинуваат контролните тестови за позитивните на Ковид – 19

Рекордна дневна бројка на починати од коронавирус во Иран

Се укинуваат контролните тестови за лица кои се позитивни на Ковид – 19 , по 10 дена асимптоматските случаи кои се позитивни на коронавирусот автоматски ќе излегуваат од изолација, а лицата со симптоми после 20 дена. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, велејќи дека ваквата одлука се темели на опсежните истражувања во МАНУ.

„Овој нов протокол се темели на опсежни анализи на МАНУ, препораките на СЗО и на Европскиот центар за превенција на болести. МАНУ анализираше повеќе од 10 илјади тестирања. Утврдено е дека кај пациенти позитивни на Ковид-19, независно од резултатот на контролното тестирање, не е присутен вирус кој е доволно силен за да може да предизвика зараза, после 10 дена кај асимптоматските, а после 20 дена кај оние што имаат симптоми. Оттаму, после овој период, пациентите ќе бидат ослободени од изолација без контролни тестирања“, рече Филипче.

Претходно, лицата кои се позитивни на коронавирусот, излегуваа од изолација по два негативни теста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Муцунски за вооружениот напад во Вашингтон: Насилството нема место во демократијата

74 годишна жена тешко повредена при нагло кочење на автобус

Почина 80 годишен маж од с. Љуботен, го поправал тракторот, кој се придвижил и го прегазил