Утрински Весник
Спорт

Се руши легендарниот „Сан Сиро“, немал културна вредност

Се очекува рекордна заработка на дербито Интер – Јувентус
300x250 (7)

Милано, 22 мај 2020 (МИА) – Стадионот „Џузепе Меаца“, или ако зборуваме за навивачите на Милан „Сан Сиро“, треба да биде срушен наскоро.

Стадионот беше официјално отворен во 1926 година, а неговиот сегашен капацитет е скоро 80.000 гледачи.

Ss1

Ова е заклучокот од новиот извештај на Министерството за култура на Италија, во кој се вели дека домот на „росонерите“ и „нероазурите“ „нема културна вредност“.

Двата клуба неодамна изразија желба да изградат нов заеднички стадион.

На оваа идеја се спротивстави градоначалникот Бепе Сала, кој смета дека сегашниот треба да се реновира.

Сепак, неговиот план беше одбиен.

Овој стадион беше реконструиран во педесеттите и деведесеттите години, но бидејќи тие интервенции не се постари од 70 години, тој не може да се заштити како архитектонско добро и затоа ќе биде срушен.

На негово место ќе се градат хотели, паркови, како и спортски центар.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ