Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се реконструира патот Беловиште-Вратница

Се реконструира патот Беловиште-Вратница
Img 7972

Тетово, 5 март 2020 (МИА) – Од денеска започна рехабилитација на локалниот пат што ги поврзува населените места Беловиште и Вратница во рамки на општина Јегуновце. Станува збор за делница во должина од 1.407 метри со широчина од четири метри, која треба да се асфалтира.

-Ќе се работи на патот на потегот од мотелот Вратница до влез на Беловиште.  Оваа делница последен пат е обновена во 2004 кога е поставена канализација. Со тоа ќе се задовалат барањата на граѓаните за санација на оштетениот пат кој бил потешкотија за нормално движење. Во зависност од временските услови очекуваме градежните работи да траат 20-тина денови, информира Дарко Блажески, градоначалник на општина Јегуновце.

Средства за реконструкција на патот се обезбедени од Владата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, во висина од 7 . 336.332 денари со вклучен ДДВ. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почивалец: Ќе изградиме стационар за кучињата скитници во Радовиш

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС