Утрински Весник
Свет

Се редат оставки на партиските лидери во Бугарија

Се редат оставки на партиските лидери во Бугарија

Еден по еден, партиските лидери во Бугарија поднесуваат оставки по парламентарните избори.

На ред стигна оставката и од лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова.

Како што најави, нејзината партија добила слаба поддршка на 14 ноември (го освои само четвртото место со околу 9% од гласовите) поради истовременото одржување на парламентарните и претседателските избори и стравот на граѓаните да излезат на гласање поради Ковид-19. Вчера оставка поднесе Христо Иванов, претседателот на коалицијата Демократска Бугарија, која беше шеста на изборите со само 6,34 гласови.

Оставка најави и раководството на ВМРО БНД, на поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој не успеа да го помине цензусот.

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи