Утрински Весник
Македонија

Се расчистуваат обраснатите површини на патниот правец Делчево – Пехчево

Се расчистуваат обраснатите површини на патниот правец Делчево – Пехчево

Делчево 18 јуни 2020 (МИА) – Екипи на „Македонија пат“ подружница Делчево започнаа активности за расчистување на обраснатите тревни површини на патниот правец Делчево – Пехчево. Како што информираат од претпријатието, активностите се одвиваат во насока на подобрување на прегледноста на споменатата делница.

-Наши екипи со моторна механизација ги чистат густо обраснатите површини долж патниот правец од Делчево кон Пехчево. Поради врнежите на овој патен правец поради тревните површини се создаваше лоша прегледност за возачите, поради што активноста во наредниот период ќе се изведува почесто, истакнаа од претпријатието.

Додаваат дека паралелно се работи и на отстранување на ситните одрони долж патниот правец.

-Иако се од помал обем, сепак одроните целосно се чистат од коловозот.. Во таа насока сакаме да апелираме поради лична безбедност на возачите и безбедност на нашите вработени, да се вози прописно долж патниот правец Делчево – Пехчево, бидејки работата се извршува покрај коловозите и затоа е потребна претпазливост од двете страни, додаваат од „Македонија пат“.

Поради честата згуснатост на вегетацијата покрај коловозите, ваквата активност како што додаваат од „Македонија пат“ подружница Делчево ќе продолжи и во текот на наредниот период. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Екс претседателот Ѓорге Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Одбележана 10 годишнината од настаните во Диво Насеље во Инџиково