Утрински Весник
Македонија

Се распределува донација од 100 таблети за прилепските основци

Се распределува донација од 100 таблети за прилепските основци
Dik 300x250 mk

Прилеп, 9 јуни 2020 (МИА) – Прилеп започна со распределбата на 100 таблет-компјутери, донација наменета за учениците во основните училишта.

Станува збор за донација на тетовското семејство Дестани преку компанијата „Еколог“. Таблет-компјутерите ќе им бидат поделени на учениците чии семејства спаѓаат во социјално ранливите категории. Подарувањето на таблетите почна во големата сала на прилепската локална самоуправа.

Таблетите ќе бидат распределени во сите седум основни училишта во градот како и во трите училишта во населените места: Тополчани, Мало Коњари и Канатларци, согласно со бројот на запишаните ученици.

Рспределбата се врши со примена на протоколите и на препораките на Владата и на Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот.ем/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца