Утрински Весник
Македонија

Се проширува патот од Виница до селото Градец

Се проширува патот од Виница до селото Градец

Виница, 11 март 2019 (МИА) – Локалната самоуправа на Виница ги почна градежните работи за реконструкција и проширување на еден од најфреквентните локални патни правци што го поврзува општинскиот центар со селото Градец, а за што од сопствениот буџет инвестира 2,6 милиони денари.

Со проектот е планирано да се преасфалтира коловозот во должина од три километри, при што тој  и ќе се прошири од сегашните четири на пет метри.

-Со комплетирањето на реконструкцијата ќе се обезбеди поголема безбедност во сообраќајот за над илјада жители од Градец, но и за останатите граѓани кои секојдневно го користат патниот правец. Оваа собраќајница беше една од најтесните во општината и во катастрофално лоша состојба, поради што месното население подолг период бараше нејзина санација. Паралелно со овие градежни активности, на повеќе улици во градот и во останатите населени места ќе се работи на крпење на оштетувањата и на ударните дупки, истакнаа од Општина Виница.

На патниот правец кон селото Градец лоцирани се повеќе индустриски и угостителски капацитети, а истовремено тој претставува пешачка и рекреативна зона за жителите на Виница.

Од Општината најавија дека дополнително ќе се уреди патеката за пешачење, а ќе се реализира и иницијативата на граѓаните за хортикултурно и комунално уредување на просторот околу локалитетот Дива Топола. та/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер