Утрински Весник
Македонија

Се предлага продолжен викенд карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово

Се предлага продолжен викенд карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог да биде воведен полициски час во Скопје, Штип, Куманово со Липково и Тетово од утре во 21 часот до понеделник наутро во 05 часот.

Во останатите градови се предлага полицискиот час да биде од 16 часот до 5 часот наутро, секој ден.

Предлогот на Комисијата ќе биде доставен до Владата и Кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување.

На состаникот, кој го свика министерот за здравство Венко Филипче беа присутни членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стојанче сурово ја малтретирал Ивана откако таа му го препишала својот дел од станот!

Баербок–Димитровски: Членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е клучно за стабилна и обединета Европа 

19-годишник пронајден починат во Битола