Утрински Весник
Свет

Се преврте чамец на Флорида, две лица се удавија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку две лица се удавија, а осум се извлечени од морето откако денеска се преврте чамец во близина на Флорида Кис во Флорида, соопшти американската крајбрежна стража.

dobivaj vesti na viber

Спасувачките екипи трагаат по непознат број луѓе во водата, се додава во соопштението, пренесе АП.

„Добивме извештаи за луѓе во водата – по што започна опсежна потрага по областа по море и воздух“, рече офицерот на крајбрежната стража Никол Грол, додавајќи дека е можно повеќе од еден брод да се превртеле или потонале.

Таа рече дека агенцијата допрва треба да го утврди потеклото на жртвите и околностите што довеле до несреќата.

– Се обидуваме да ги извадиме луѓето од водата и да се погрижиме да ги спасиме сите, а потоа ќе дојдеме до тие прашања – рече Грол.

Ки Вест и другите острови што го сочинуваат долниот крај на архипелагот Кис лежат на околу 145 километри од северна Куба, каде што многу мигранти се обидуваат да ги преминат теснецот на Флорида и да стигнат до брегот на САД со често преполни чамци, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски