Утрински Весник
Македонија

Се преврте полициско возило, повредени тројца полицајци

Се преврте полициско возило, повредени тројца полицајци

Тројца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во Скопје.

Според информациите на МВР, во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје.

Со повреди се здобиле тројца полицајци од возилото „шкода јети“, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот

Шок во Скопје: 14-годишно девојче во поодмината бременост, случајот пријавен во полиција

„Наместо разбирање – медиумски линч“: Синот на Жарко Грозданоски со порака до јавноста