Утрински Весник
Македонија

Се полнат болниците во Македонија со заразени со Ковид-19, хоспитализирани над 900 пациенти

Се полнат болниците во Македонија со заразени со Ковид-19, хоспитализирани над 900 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 937 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид-центрите низ целата држава.

По извештаите кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во Скопје се хоспитализирани вкупно 355 лица, од кои 28 во последното деноноќие.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот во Скопје имало 20 слободни места, информираат од Министерството за здравство.  Се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 46 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 64 пациенти, во Прилеп 77, во ковид-центарот во Гостивар 21, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Од Министерството велат дека имаат увид во состојбата со капацитетите и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Коцевски: Контролата во обвинителствата е легитимна, не подлегнувам на политички притисоци!

Денот на Македонската револуционерна борба, 23 октомври е неработен ден за сите граѓани

Општина Битола од Владата доби 230 милиони денари за комунални проекти