Утрински Весник
Свет

Се повеќе официјални лица предупредуваат на опасност од „Трета светска војна“

Се повеќе официјални лица предупредуваат на опасност од „Трета светска војна“

Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг вели дека не е оптимист дека украинската криза може да се стави крај преку дипломатија и предупредува на опасноста од избувнување на Третата светска војна.

Шаленберг за австриската телевизија „Пулс 24“ изјави дека мора да се работи на враќање на преговарачка маса. Сепак, тој вели дека „мирните тонови кои се слушаат од руската страна звучат малку шупливо, сè додека колоните тенкови продолжуваат да се движат кон Киев“.

Шаленберг истакна дека ситуацијата е драматична, бидејќи доколку еден авион на НАТО дојде во конфликт со Русија, тоа може да биде поттик за Трета светска војна. За воените транспорти преку Австрија, тој објасни дека тие немаат врски со Украина, туку само транспортираат од една во друга земја на НАТО.

„НАТО внимава да не биде вовлечен во оваа војна“, подвлече Шаленберг.

Тој посочи дека е важно граѓаните на Русија да дознаат што точно се случува, а тоа полека ќе следи кога нема да можат да подигнат пари од банкоматите, а западните продавници ќе бидат затворени. Шаленберг рече дека на 24 февруари, на денот на почетокот на рускиот напад врз Украина, не спиел ниту еден час.

Тој го повтори ставот дека нападот врз Украина со ништо не може да се запре и додаде дека во такви случаи Австрија не е неутрална и дека неутралноста не е застарен концепт. Тој нагласува дека мора да се направи сè за да се заштитат човечките животи, но и да се спречи тој да биде вовлечен и со тоа да предизвика светска војна.

„Во моментов имаме економска војна. Историјата не учи дека кога некој навреме на автократите нема да им покаже знак ‘стоп’, тогаш тоа може да ни биде скапо – објасни тој и додаде дека може да се воведат дополнителни санкции и дека има намера да се намали зависноста.

Шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист изјави дека доколку НАТО испрати свои војници во Украина, каде што е во тек руска специјална воена операција, тоа ќе ја доведе Европа на работ на светска војна.

„Ако НАТО или Западот влезе со војници, тогаш подгответе се за третата светска војна, а тоа никој не го сака“, изјави Хултквист, пренесува „Спутник“.

Досега, неврзаната Шведска, заедно со нејзините партнери во НАТО, ѝ помогна на Украина да испрати оружје во контекст на руската специјална операција и во моментов истражува други видови помош, вклучително и кибервојна, но не испрати војници, туку дозволи доброволци да учествуваат во конфликтот.

Москва соопшти дека „целта на специјалната операција во Украина е демилитаризација и денацификација на таа земја“, како и заштита на луѓето во Донбас, отфрлајќи каков било план за окупација.

Хултквист повтори дека сè додека тој е министер за одбрана, Шведска нема да аплицира за членство во НАТО. Рече дека не го сменил ставот, но за вакви прашања „никогаш не треба да се каже никогаш“, пренесува „Спутник“.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре