Утрински Весник
Магазин

Се ожени со проститутка, водeшe паралелен живот и ги направи едни од најдобрите автомобили

Енцо Ферари, за чиј живот Мајкл Ман снима биографски филм, беше еден од најпознатите автомобилисти на сите времиња и основач на автомобилската империја „Ферари“, а поради својот бурен живот беше миленик на таблоидите.

dobivaj vesti na viber

Енцо е роден на 18 февруари 1898 година во италијанскиот град Модена . Уште од мали нозе бил фасциниран од автомобилскиот свет и ја сакал брзината и адреналинот што ги чувствувал додека возел. На 19-годишна возраст бил повикан да служи во Првата светска војна, каде што бил автомеханичар.

По војната се вратил во Торино и се вработил во „Фиат“, но, набрзо добил отказ. Почнал да се движи во друштво на луѓе вклучени во светот на авто-мото трките. Следно вработување му било во „Алфа Ромео“. Почнал да се натпреварува на трки и рели и да освојува титули и натпревари, но сакал да стане претставник за продажба на „Алфа ромео“.

Во тоа време ја запознал и својата прва сопруга Лаура Доменика Гарело, член на богато семејство од Торино и во неа видел можност да ги реализира своите деловни можности. Иако се шпекулираше дека е проститутка, парот се венчал во 1923 година, а Енцо еднаш рекол дека не му е важно што работи Лаура, се додека покрај себе има жена која ќе му помогне во неговиот деловен успех.

Бракот бил проблематичен од самиот почеток, а бидејќи мајката на Доменика и Енцо не се согласувле добро, работите станале уште полоши кога таа почнала да живее со нив. Енцо се посветил на работата и набрзо го дизајнираше првиот тркачки ѕвер за „Алфа ромео“ – моделот П1, претходник на Формула 1.

Со текот на времето, Енцо Ферари стана лидер на тимот возачи, основајќи го тимот на „Скудерија Ферари“ за „Алфа Еомео“.

Тој ја напушти Алфа во 1937 година и основаше своја компанија Auto Avio Costruzioni, која произведуваше делови за фашистичката влада на Мусолини за време на Втората светска војна и го дизајнираше првиот Ферари-автомобил, Auto Avio Costruzioni 815.

Тој изградил фабрика во гратчето Маранело, недалеку од Модена, и така ја запозна Лина Ларди, со која се впушти во страсна врска и доби вонбрачно дете, синот Пјеро. Енцо имал две семејства, секое во ист град, а Доменика и Лина не се познавале.

Енцо се повеќе поминуваше време со другото семејство. Ја напушти Доминика. Сепак, брачната двојка никогаш не се разведе, а долгиот и тажен брак од повеќе од 50 години заврши со смртта на Доменика во 1978 година.

Енцо никогаш не се пензионира, до неговата смрт беше главниот човек на Ферари и секогаш го задржа својот дух како тркачки ентузијаст. Тој почина во 1988 година, опкружен со семејството и пријателите, на 90-годишна возраст, оставајќи зад себе една од најголемите автомобилски империи.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста