Утрински Весник
Македонија

Се одржа првата онлајн седница на Советот на Општина Тетово

Се одржа првата онлајн седница на Советот на Општина Тетово

Тетово, 29 април 2020 (МИА) – Првпат советниците на Општина Тетово преку интернет со видео врска одржаа седница на Советот. На денешната 30-та седница имаше два точки точки на дневниот ред и уште една дополнителна по барање на советниците.

-Се усвои записникот од 28-та седница на Советот. Беше усвоена предлог-одлуката за урбанистичка ревизија на Општина Тетово. Тоа е ревидиран документ што на градот и на општината ќе му олесни аплицирање на одредени меѓународни проекти. По барање имаше и трета точка, во која градоначалничката Теута Арифи се вклучи со информација околу актуелната состојба со справување со Ковид-19, изјави Беким Мемети, претседател на Советот.

На седницата онлајн присуствуво имаа 28 од 31 советник. Седницата траше 45 минути. Советниците од октомври 2019 година имаат и преносни копмјутери кои ги користат за работата на Советот. ас/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Херојот Иван по 24-часовна борба со огнот е во стабилна состојба

Претседателката Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон

Трајчулевски: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии