Утрински Весник
Македонија

Се одлага реализацијата на првиот термин од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година

Фондот на ПИОМ ги демантира пишувањата во медиумите

Скопје, 13 март 2020 (МИА) –  Реализацијата и спроведувањето на првата група корисници од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година, ќе се одложи согласно Заклучок од седница на Владата на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за корисниците на услугата што се рангирани во првиот термин, односно од 22.03.2020 година до 28.03.2020 година, нема да се реализира услугата во одредениот термин поради мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата.

За повторно упатување за користење на услугата, корисниците навремено и дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Исто така, се замолуваат странките да ја користат апликацијата за on line поднесување барање заради заштита на нивното здравје, се наведува во соопштението од Фондот. вг/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина