Утрински Весник
Свет

Се огласи и Лукашенко: Белоруската армија нема да учествува во вооружените конфликти во Украина

Се огласи и Лукашенко: Белоруската армија нема да учествува во вооружените конфликти во Украина

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нивните војници не се дел од руската операција.

„Белоруските трупи нема да бидат дел од руската операција во Украина“, рече Лукашенко.

Русија рано утринава започна специјална воена операција за одбрана на народот во Донбас.

Украина веднаш прогласи воена состојба.

Експлозии се слушаат низ целата земја. Бајден најави обединет и решителен одговор од САД и нивните сојузници. Акцијата ја осуди и Европската Унија.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина